Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Вооружен маж влетал со кола во толпа пешаци

НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Вооружен маж влетал со кола во толпа пешаци

Три лица се повредени откако маж со автомобил влетал во пешачка зона во Хајделберг во Германија.

Полицијата соопштува дека мажот влетал во пешачка зона кај главниот плоштад и потоа избегал, но полицијата го фатила и повредила при пукање.


Едно од трите лица е во критична состојба соопштува портпаролката на полицијата.

Уште не е јасно кои се мотивите на напаѓачот, но нема сомненија за тероризам и се верува дека самостојно го направил ова дело, наведуваат од полицијата.


Автомобилот кој го управувал осомничениот бил изнајмен и со хамбуршки регистарски таблици.

Да потсетиме, во декемри е извршен напад во центарот на Берлин во кој 12 лица настрадаа, а повеќе од 50 беа повредени кога камион влета на божиќен саем.


Слично

Поврзани вести