Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Извикувал „Алах е голем“ и избол брачен пар

НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Извикувал „Алах е голем“ и избол брачен пар

Маж со нож нападна и тешко повреди брачен пар во градот Оберхаузен во западна Германија.

Германскиот државјанин на возраст од 26 години вчера попладне тешко ранил постар маж и жена додека биле на пикник.

Мажот има тешки повреди, а жената се наоѓа во критична состојба.

Една од жртвите и рекла на полицијата дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алах е голем“ но нема сведоци кои тоа можат да го потврдат, соопшти портпаролот на полицијата Андреас Вилминг Вебер. Полицијата го уапси напаѓачот.

Тој бил под дејство на дрога, по полициското испрашување одведен е во психијатриска клиника. Напаѓачот бил од Дуизбург, бил бездомник,  а не се исклучува можноста нападот да бил политички мотивиран.

Слично

Поврзани вести