НАПАД ВО ГЕРМАНИЈА: Иранец рани најмалку пет луѓе
Маж со иранско потекло на возраст од 31 година со нож повреди најмалку пет луѓе во Германија.
Министерот за внатрешни работи на регионот Северна Рајна-Вестфалија Херберт Ројл изјави дека напаѓачот е под истрага за потенцијален екстремизам од периодот кога живеел во бегалски хостел во 2017 година, но мотивот за нападот не е утврден.
Четворица од повредените се пренесени во болница поради повреди на рацете, лицето и главата, а еден од нападнатите е прободен во стомакот. Ниту еден од нив не е во животна опаснот, објави АП. Повреден е и напаѓачот кој е пренесен на клиниката. Новинската агенција ДПА ги цитира обвинителите во Ахен дека се уште немаат цврсти докази дека нападот е мотивиран од исламизам. Организацијата Исламска држава минатиот месец повика на напади во Европа, додека во фокусот е војната во Украина.
