НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Ученик со нож бодеше соученици
Ученик на возраст од 15 години денеска со нож нападна соученици во училиште во Франција.
Во средното училиште Нотр Дам-де-Тут-Аидс во областа Дулон во Нант, неколку луѓе се повредени во напад со нож.
Ученикот избодел најмалку 4 ученици, од кои 3 биле тешко повредени, а весникот Ouest France објави дека еден ученик загинал.
Наставниците го задржале 15-годишното момче пред да дојде полицијата на местото на настанот.
Напаѓачот е ученик во втора година во предметната гимназија, а во училиштето влегол облечен во црно и со капа на главата.
„Излеговме од нашата училница во 13:00 часот и видовме многу ученици како плачат. Не разбравме зошто. Многу сме шокирани. Ова го гледате само на телевизија. Не мислевме дека ова може да се случи во нашето училиште“, изјавија учениците за Ouest France.
Улицата каде што се наоѓа училиштето е привремено затворена.
Фото EPA-EFE/CAROLINE BLUMBERG
