Напад во џамија во Кабул - загинаа 21 лице
Во експлозија во џамија во Кабул синоќа загинаа 21 лице, а 33 се повредени, соопшти полицијата.
Дури 33 луѓе се повредени за време на вечерната молитва, потврди портпаролот на полицијата, Калид Задран. Одговорност за нападите презема Исламска држава.
„Експлозијата беше предизвикана од експлозив поставен во џамија во северозападниот дел на авганистанската престолнина“, изјави Задран.
Бројот на напади се намали во Авганистан откако Талибанците ја презедоа власта пред една година.
Слично
