Напад во Дамаск- мета руската амбасада
Бунтовниците во Сирија ја бомбардираа руската амбасада во Дамаск, информираа руските власти.
Нападот се случил околу пладне.
Од руското Министерството за надворешни работи денеска соопштија дека амбасадата во Дамаск била гранатирана претходниот ден. Никој не бил повреден во нападот.
Руските власти велат дека нападот бил извршен најверојатно од страна на „терористички групи“ кои се борат против силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, а Москва е сојузник на Асад.

Во соопштението пишува дека нападот е последица на дејствија како оние од страна на САД и некои нејзини сојузници, кои поттикнуваат продолжување на крвавиот конфликт во Сирија со тоа што им помагаат на милитантите и на екстремистите.
Дипломатите ја повикаа меѓународната заедница да одговори на „провокациите на злосторниците“.
