Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напад во Брисел - со нож повредени полицајци

Напад во Брисел - со нож повредени полицајци

Tерористички напад се случи околу пладне во главниот град на Белгија, Брисел при што двајца полицајци беа повредени со нож во  населбата Скарбек.

Според федералното обвинителство, постои причина да се верува дека утринскиот напад над полицајците во Скарбек е терористички напад. Портпаролот на обвинителството, Ерик Ван дер Сипт вели дека се работи за „потенцијален терористички напад насочен против полициските службеници“.

Човек со нож ги нападнал полицајците во близина на спортскиот центар „Кинетикс“. Засега нема информации во каква состојба се полицајците, кои итно се пренесени во најблиската болница. Идентитетот и мотивите на напаѓачот не се познати. 

Како што е познато, нивото на безбедност во Белгија е на високиот трет степен, откако на 22 март годинава во два поврзани терористички напади на националниот аеродром Завентем и во бриселското метро, со саморазнесување на тројца бомбаши-самоубијци настрадаа 32 лица, а повеќе од 300 беа повредени. 

Оттогаш, белгиските безбедносни органи вршат „чешлање“ на проблематичните бриселски населби Моленбек Сен-Жан, Скарбек и Форест, од каде потекнуваа терористите што ги извршија крвавите напади оваа пролет.


Слично

Поврзани вести