Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД ВО БОЛНИЦА ВО ИСТАНБУЛ: Ранети се пет луѓе, а напаѓачот избегал

НАПАД ВО БОЛНИЦА ВО ИСТАНБУЛ: Ранети се пет луѓе, а напаѓачот избегал

Вооружен напад имаше во болница во Истанбул, каде напаѓачот ранил пет лица и избегал. 

Како што објави турскиот медиум ТРТ Хабер, меѓу петтемина повредени има полицаец, припадник на жандармеријата, припадник на обезбедување и двајца цивили. Ниту еден од нив не е во животна опасност. Во нападот е оштетена зградата на болницата и амбулантно возило. Непознатото лице побегнало од местото на настанот, а возилото што го користел напаѓачот е пронајдено напуштено. Полицијата работи на расчистување на случајот.


Слично

Поврзани вести