Економија, финансии, бизнис

Контакт

Напад во автобус - има и жртви

Напад во автобус - има и жртви

Трojца луѓе се убиени во приватен автобус за забава во Рокфорд, во американската сојузна држава Илиноис. 

Не е познато колку луѓе имало во автобусот, а очевидци изјавиле дека преживеаните истрчале од автобусот, бегајќи од напаѓачот.

Напаѓачот сѐ уште не е уапсен, но полицијата информираше дека се трага по 22-годишниот Рахим Кинг од Рокфорд, јави локалниот весник „Рокфорд реџистер стар“.

Осомничениот ги убил жртвите со автоматска пушка.

Возачот на автобусот повикал полиција, а жртвите сѐ уште не се идентификувани. 

Слично

Поврзани вести