Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД СО НОЖ ВО ШКОТСКА: Ранети полицајци се борат за живот

НАПАД СО НОЖ ВО ШКОТСКА: Ранети полицајци се борат за живот

Двајца полицајци се избодени со нож додека биле на должност во Гринок, Шкотска, и сега се во животна опасност.

По нападот, уапсен е 43-годишен маж, чиј идентитет не е објавен, пренесе „Скај Њуз“.

Помошник шефот на полицијата, Бернард Хигинс, изјавил дека осомничениот, кој добил мали исекотини и модринки, е подложен на проценка на здравствената состојба во локалната болница.

Шкотската премиерка, Никола Старџен, на Твитер напиша дека денешниот инцидент е потсетник за тоа колку важна, но често и опасна е работата на полицајците и колку останатите сограѓани теба да им бидат благодарни поради тоа.

Полицијата соопштила дека инцидентот не е поврзан со тероризам. 

Слично

Поврзани вести