Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД СО НОЖ И ВО ФИНСКА: Повредени се четири лица

НАПАД СО НОЖ И ВО ФИНСКА: Повредени се четири лица

Финската полиција соопшти дека четири лица попладнево се повредени во нападот со нож. Инцидентот се случил во Тампере.

Очевидец изјавил за Илта-Саномат дека кога излегол од задната врата на автобусот на станицата, видел минувачи како им даваат прва помош на две лица како лежат на земја. 

„Не можам да ги проценам нивните повреди бидејќи имало многу минувачи на местото на настанот“, рече тој.

Кога пристигнал, на местото на настанот пристигнала и полицијата. Според Илта-Саномат, уапсен е Финец на возраст од околу 20 години.

Напад со нож имаше денеска и во Германија, а повеќе лица беа повредени. 

Фото: Принтскрин

Слично

Поврзани вести