Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД СО БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО ВО КИЕВ: Eден човек загина

НАПАД СО БЕСПИЛОТНО ЛЕТАЛО ВО КИЕВ:  Eден човек загина

Eден човек загина во украинскиот главен град Киев при напад со беспилотно летало. Спасувачите пронашле човечко тело во воена униформа во седумкатница.

Како што објавија западните медиуми,  цел на неколку дронови „камикази“ била зградата на Националната академија на науките. Украинските војници присутни во тој дел на Киев пријавиле напад со беспилотни летала на руската армија и тврдат дека собориле еден дрон. Другите летала, во форма на крила широки околу еден метар, биле скршени на два дела. Тие се видливи во близина на погодената зграда. Неименуван воен претставник изјави дека станува збор за летала „Орли“, додавајќи дека три лица се убиени. Сепак, веста за тројцата загинати не е потврдена од други извори. Во Киев на сила е полициски час. 

Слично

Поврзани вести