Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАПАД НА ВОЕНА БАЗА ВО ИРАК: Две лица се повредени

НАПАД НА ВОЕНА БАЗА ВО ИРАК: Две лица се повредени

Две лица се полесно повредени при ракетен напад на воена база во Ирак. 14 ракети погодија воздушна база во Ирак во која се сместени меѓународни сили кои се борат против милитантите на Исламска држава, како дел од коалицијата предводена од САД. Ракетите паднале на и околу авионската база Аин Ал-Асад, лоцирана во западен Ирак, соопшти портпаролот на коалицијата Вејн Марото.

„Штетата сè уште се проценува“, додаде тој.

Ирачкото обезбедување информираше дека камион за кој се сметало дека носи брашно запрел во областа ал-Багдади во западната провинција Анбар, но се покажало дека во него има ракетен фрлач и истрелал 14 ракети. Другите ракети експлодирале внатре во камионот, предизвикувајќи штета на околните куќи и џамија. За нападите обично се обвинуваат проирански групи. 

И лани имаше напади на бази во Ирак, при што имаше и жртви. 

Слично

Поврзани вести