Напад, грабеж и убиство на шест лица во Јужна Африка
Најмалку шест лица
загинаа кога вооружени мажи нападнале полициска станица, по што е украдено
оружје и возило во јужноафриканскиот град Нгокоба, соопшти јужноафриканската полицијата.
Портпаролот на полицијата, Бригадир Вишну Наидо, изјави дека пет полицајци и воен офицер биле убиени.
"Инцидентот се случи рано утринава, кога вооружени мажи, за кои сметавме дека се крадци, влегле во станицата и пукале во полициските службеници на должност", рече Наидо.
Тој истакна дека за време на бегството со украдено полициско возило, напаѓачите убиле еден минувач, воен офицер кој не бил на функција во времето на нападот.
Јужноафриканската министерка за внатрешни работи, Фикиле Ембалула, го нарече нападот национална трагедија.
"Убиството на чуварите на законот нè лишува од посветени членови на нашиот народ, чиј единствен грев е што тие служеа и не заштитуваа“, пишува Ембалула на" Твитер ".
Јужна Африка е една од земјите со највисоки стапки на криминал во светот.
