„Намрштената“ мачка доби 700 илјади долари на суд
Можеби звучи бизарно, но намрштената мачка, мемето кое стана интернет сензација на суд доби 700 илјади долари поради нарушување на авторски права. Сликата од намрштената мачка која се вика Тартар сос во сопственост на Табата Бандсен од Калифорнија стана вистински извор на заработка бидејќи голем број на брендови ја користеа за свои промоции.
Бандсен направила договор со компанијата за пијалоци Granade Beverage за промотивна рекламна кампања. Сепак, компанијата не го почитувала договорот целосно и решила на сопствена рака да ги користи сликите од популарната намрштена мачка и на други производи.
Затоа Бансед покрена тужба пред судот во Калифорнија и успеа да добие дополнителна оштета од 700 илјади долари. Според адвокатот Дејвид Џонелис ова е прв пат мачка да добие судски спор во Калифорнија, САД.
