Наместо три како досега, во светот постојат седум општествени класи!
Експертите од „BBC Lab“ направија големо истражување во кое учествуваа над 161 000 Британци и според кое традиционалното делење на висока, средна и трета класа е веќе застарено. Социолозите предложија нов модел, објавен во списанието „Sociology“, кој содржи 7 општествени класи.
Традиционално, припадноста на одредена класа зависи од професијата, богатството и образованието. Ова истражување тврди дека тоа е поедноставен пристап и предлага да се направи проценка на класата во три димензии - економска, социјална и културна.
Во истражувањето се земат предвид не само приходите, имотот и заштедите, туку и социјалниот капитал - бројот и статусот на луѓето кои индивидуата ги познава. Исто така е земен во предвид и културниот капитал на поединецот.
Британската верзија на класната поделба на општеството разликува седум групи:
Елита - најпривилегирана група во Велика Британија, радикално различна од другите категории по своите приходи, социјален и културен капитал. Тоа се најбогатите луѓе.
Почитувана средна класа - на второ место по богатство, доста бројна социјална класа, втора по активност во културните активности.
Техничка средна класа - мала, релативно нова група на ИТ професионалци и високо квалификувани инженери. Тие имаат високи примања, но не се толку социјални и не се заинтересирани за култура.
Нови богати работници - млада група со голем круг на познанства, широк спектар на културни интереси и средни примања.
Традиционална работничка класа - не е богата, но е со нозете цврсто на земја. Таа по правило има добар недвижен имот и средни примања. Недостатокот на социјален капитал се објаснува со тоа дека просечната возраст тука е 66 години.
Работници во областа на сервисот - тоа е нова млада урбана класа, приходите овде се релативно ниски, но има добар социјален и културен капитал.
Прекариат - најсиромашните и луѓето во нерамноправна положба, загрозени од сиромаштија, без врски и перспективи.
Овој пристап се обидува да ги земе предвид најновите трендови во општеството, посочуваат експертите од „BBC Lab“.
Слично
