Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо судоку и крстозбори - предавања: Како шведските пензионери повторно ги наполнија универзитетските клупи?

Наместо судоку и крстозбори - предавања: Како шведските пензионери повторно ги наполнија универзитетските клупи?

Сè поголем број шведски пензионери се запишуваат на универзитет кој работи на принципот „пензионери за пензионери“, поттикнат од зголемената осаменост, но и од растечката желба за учење и директни, лични контакти.

Сениор универзитет е национален универзитет кој соработува со шведската институција за образование на возрасни Фолк универзитетот и има околу 30 независни филијали низ целата земја. Тие организираат студиски групи, циклуси предавања и универзитетски курсеви во областите на јазикот, политиката, медицината, архитектурата и други дисциплини.

Стокхолмската филијала, најголемата во Шведска, стана толку популарна од своето основање во 1991 година што денес програмите се одржуваат на повеќе локации низ главниот град, со вклучување на околу 100 волонтери. Нивната најпопуларна програма, предавањата во вторник, собира околу 1.000 луѓе секоја недела.

Меѓу неодамнешните теми во Стокхолм беа „Уметноста на Нобеловите награди“, што ја држеше поранешен член на Нобеловиот комитет, потоа „Дезинформации и вештачка интелигенција - закана од наше сопствено создавање“ и „Од сапун до културно наследство и канонот и обратно“.

Целиот текст на Женски магазин.

Слично

Поврзани вести