Наместо прослава евакуација - Спречен планот на Макрон да слави во Лувр
Француската полиција морала да го евакуира дворот на познатиот музеј Лувр во Париз поради зголемена закана по безбедноста, но тоа што е најневообичаено е што токму тука центристичкиот кандидат на претседателските избори Емануел Макрон планира да ја прослави својата победа.
Портпаролката на кампањата, Полин Калмес, изјави дека шеталиштето пред Лувр, во центарот на Париз, превентивно е евакуирано. Таа не наведе конкретно каква опасност постои, но рече дека полицијата ја наложила евакуацијата.
Агенциите потсетуваат дека Лувр веќе се наоѓа под високи безбедносни мерки, откако екстремистите нападнаа војници во близина на музејот, во текот на изборната кампања.
Денеска во Франција се оддржува вториот круг од претседателските избори, а анкетите покажуваат дека Макрон е во водство во однос на неговата противкандидатка ултра десничарката Марин ле Пен.
