Наместо на 67, граѓаните на оваа земја ќе одат во пензија на 60 години
Полска ја намали старосната граница за заминување во пензија, која за жени сега изнесува 60 години, а за мажи 65 години.
Тоа е во спротивност со европскиот тренд на постепено зголемување на старосната граница за заминување во пензија по кој се посегна бидејќи луѓето живеат се подолго и претставува исполнување на предизборно ветување на владеачката партија Право и правда, пишува Ројтерс.
Според досегашниот закон од 2012 година, границата за заминување во пензија требало да биде постепено зголемена на 67 години.
Можноста за порано заминување во пензија би можеле да ја искористат 331 000 граѓани, односно два отсто од вкупно 16,3 милиони работници во Полска, проценува државниот пензиски фонд ЗУС.
Ниската граница за пензионирање, како се проценува, дури во ограничен обем ќе влијае на економијата во непосредна иднина, која бележи силен раст на активности, додека државните финансии би можеле да се најдат под нешто посилен притисок.
Полска има 38 милиони жители и е меѓу земјите на ЕУ со најбрзо темпо на стареење на населението.
