НАМЕСТО ИСКЛУЧУВАЊЕ ЗА ТИЕ ШТО НЕ ГИ ПЛАТИЛЕ СМЕТКИТЕ, ЌЕ ДОБИВААТ СТРУЈА СО ПОМАЛА МОЌНОСТ - еве како европска држава ќе им помага на сиромашните
Француското електростопанство ЕДФ денеска соопшти дека практиката на исклучување на струјата на граѓаните кои не ги платиле сметките ќе ја замени со испорака на струја од помала моќност.
Владата им забрани на добавувачите да им ја исклучуваат струјата на граѓаните кои не ги платиле сметките, за време на „зимското примирје“ од 1 ноември до 31 март, за да се обезбеди снабдување на домаќинствата и во исто време да се зачува нивната куповна моќ за време на големиот скок во цените на струјата и гасот.
Париз во октомври објави дека на домаќинствата со ниски приходи ќе им плати по 100 евра за да им помогне да се справат со зголемените цени на енергијата, особено горивото.
Државната ЕДФ сега објави дека од 1 април идната година, по истекот на „примирјето“, повеќе нема да ја исклучува струјата на граѓаните кои не ги платиле сметките, туку ќе ја намали моќноста на загарантирано минимално ниво.
„Со оваа мерка, ЕДФ ќе направи повеќе по зимскиот период на прекин на огнот отколку што се бара со регулаторните обврски“, се вели во соопштението на компанијата.
Извор: Индекс.хр