Наместо говедско во кари специјалитет користеле кучешко месо
Наместо говедско, во кари специјалитет во Велика Британија се користело кучешко месо. Ова е новата афера која ја тресе оваа земја, откако е спроведена анализа на месото во шест лондонски ресторани нарачана од Би-Би-Си.
При анализата, месото не било ниту јагнешко, ниту пилешко, ниту свинско, ниту коњско, ниту јарешко, ниту говедско, па затоа се шпекулира со кучешко, иако анализите тоа се уште официјално не го потврдиле.
Со истата анализа е утврдено дека специјалитети кои се продаваат како говедско, се всушност пилешко месо.
Слично
