Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо говедско, коњско месо – дури 11.000 килограми!

Наместо говедско, коњско месо – дури 11.000 килограми!
Пет месни компании ќе мора да повлечат дури 11 илјади килограми неправилно етикетирано француско коњско месо по наредба на холандската Служба за безбедноста на храната.

Француското месо пристигнало во Холандија преку Белгија во периодот од јануари до октомври минатата година. Но, месото било етикетирано како говедско.

Минатиот месец 21 трговци на добиток, месари и ветеринари во Франција беа осомничени за незаконска продажба на 200 коњи.

Скандалот со коњското месо за првпат изби во јануари минатата година, кога коњска ДНК беше откриена во замрзнати бургери и готови производи со месо во ирски и  британски супермаркети. Во скандало се утврди дека се вмешани кланици од Романија и од Холандија.
Слично

Поврзани вести