Економија, финансии, бизнис

Контакт

Наместо да ги депортира САД по грешка им дала државјанства на 800 мигранти

Наместо да ги депортира САД по грешка им дала државјанства на 800 мигранти

Миграционата служба на САД направи огромен гаф откако 800 мигранти кои требало да бидат депортирани бидејќи престојувале нелегално добиле одобрувања за државјанство. 

Според наводите на Националната агенција за безбедност грешката се случила поради проблеми во базата на отпечатоци од прсти и мигрантите не можело да бидат препознаени. Тие аплицирале за државјанство со друго име и лични податоци и не се појавиле во базата на податоци како лица кои немаат право на престој. 

Проблемот е уште поголем бидејќи сите биле ставени на посебна листа на опасност бидејќи потекнуваат од земји каде е присутен тероризмот, но сега за да ги протераат од САД најпрво ќе мора да им го укинат државјанството за да не им ги нарушат правата кои им следат со Уставот.

Слично

Поврзани вести