НАМЕСТЕНА Е И ПОСЛЕДНАТА ЦЕВКА, УТРОВО ЗАВРШЕН СЕВЕРЕН ТЕК 2 - гасот од Русија до Германија би можел да „тргне“ и во октомври
Изградбата на гасоводот Северен тек 2 утрово беше целосно завршена, објави руската компанија Гаспром.
„На оперативниот состанок утрово на Гаспром, претседателот на управниот одбор, Алексеј Милер, објави дека изградбата на гасоводот Северен тек 2 е целосно завршена во 8:45 часот по московско време“, се вели во соопштението.
Претходно, беше објавено дека проектниот оператор ја заврши инсталацијата на последната цевка од Северен тек 2. Компанијата очекува да го стави во функција гасоводот до крајот на годината.
Според најавите на Газпром, годинава преку овој гасовод може да се испорачаат 5,6 милијарди кубни метри гас.
Њујоршката агенција „Блумберг“ објави, повикувајќи се на неименувани извори, дека Гаспром планира да започне со испорака на гас преку првата гранка на Северен тек 2 од 1 октомври, и преку двете гранки до 1 декември.
Северен тек 2 се состои од две гранки на гасовод со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри годишно и се протега од брегот на Русија преку Балтичкото Море до Германија. Работите за изградба на гасоводот беа прекинати во декември 2019 година, откако швајцарската компанија Swiss Olsis се откажа од поставување на цевки поради американската закана од санкции.
Изградбата продолжи во декември 2020 година.
Извор: Блиц.рс