Намалување на банкарското влијание врз ЕУРИБОР бараат регулаторите
Европскиот регулатор за банкарскиот сектор и финансиските пазари бара да се намали влијанието на банките во одредувањето на каматнaтa стапки за задолжување во еврозоната – Еурибор-от.
План со 11 точки објавија Европската агенција за банки и Европската агенција за хартии од вредност и пазари кој треба да го подобри начинот на пресметување на Еурибор и да се спречи повторување на неодамнешните скандали во меѓународните финансиски центри.
Иднината на Еурибор се најде на дневен ред на Регулаторите како резултат што неколку банки се повлекоа од влијанието врз неговото креирање за да си го заштитат угледот од евентуалните негативни последици од скандалите што се појавија во последниве две години.
Слично
