Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАМАМУВАЛ И УБИВАЛ ДЕЦА: Селани му пресудија на серискиот убиец кој избегал од затвор

НАМАМУВАЛ И УБИВАЛ ДЕЦА: Селани му пресудија на серискиот убиец кој избегал од затвор

Селани во Кенија му пресудиле на сериски убиец кој избегал од затвор. 

Тие го пронашле и убиле серискиот убиец на деца кој пред два дена побегнал од затвор.  Мастен Вањала го нашле во Бунгома, а потоа го претепале до смрт, соопшти полицијата, пренесе Би -Би -Си. 

Наводно, Вањала се вратил во куќата на неговите родители, кои го напуштиле, но соседите го нашле, го претепале и удавиле пред да пристигне полицијата, изјавил очевидец за локалните медиуми. 

Полицијата започна потрага по бегалецот, кој признал дека убил повеќе од 10 момчиња за пет години. Вањала признал дека ги дрогирал и во некои случаи, им ја пиел крвта на децата, поради што го добил прекарот „вампирот“. 

Вањала се претставил како фудбалски тренер и на тој начин ги намамувал жртвите на скриени места каде потоа ги напаѓал и убивал. Уапсен е во јули, и тогаш ја одвел полицијата на местото каде што ги погребувал телата.  Тројцата полицајци кои биле на должност кога тој побегнал од затворот во средата, се обвинети за помагање на осомничениот во бегство и негрижа. 

Фото DIRECTORATE OF CRIMINAL INVESTIGATIONS - KENYA

Слично

Поврзани вести