Намалени кредитите на италијанските банки
На 268 милијарди евра се намалија кредитите на италијанските банки од Европската централна банка , од 281 милијадра евра колку што изнесуваа на крајот од минатиот месец, покажаа објавените податоци на италијанската централна банка.
Кредитите кои банките ги земаа од ЕЦБ во т.н. „операции за рефинансирање со подолг рок на отплата“ на крајот на март изнесуваа 262 милијарди евра, во однос на 265,7 милијарди евра колку што изнесуваа на крајот на претходниот месец. На крајот на декември тие изнесуваа 268,3 милијарди евра.
Од јануари оваа година, банките имаа можност предвремено да ги отплаќаат кредитите кои ги земаа во првиот дел од операцијата за рефинансирање, а до крајот на февруари истото можат да го сторат и со тригодишните кредити од втората ваква операција.
Италијанските заемодавци на двете специјални операции за рефинансирање во декември 2011 и февруари 2012 година од ЕЦБ позајмија вкупно 255 милијарди евра.
Слично
