Намалена потрошувачка и зголемена невработеност поради студот во Германија
Невработеноста во Германија бележи благ раст во април поради студеното време, пренесоа агенциите, повикувајќи се на податоци од Министерството за труд.
Сепак нивото на невработеноста во земјата останува близу рекордно најниското ниво, односно бројот на невработени во земјата, корегиран според сезонските фактори, се зголемил за 4 илјади до 2,938 илјади лица, пренесе Ројтерс.
Истовремено очекувањата на Германците дека нивните приходи ќе продолжат да се зголемуваат остануваат, а расте и индексот на довербата на потрошувачите.
Извозот пак и инвестициите слабеат поради кризата во еврозоната, затоа очекувањата се дека потрошувачите ќе го стимулира растот во земјата благодарение на рекордно ниската невработеност и континуираниот раст на приходите.
Барем додека корисниците немаат загриженост за економијата, ова ќе биде споредна тема во претстојните предизборни дебати, наведува Ројтерс.
Покрај позитивните ставови на корисниците сепак, во март продажбата на мало во Германија се намали, а објаснувањето за падот е повторно е лошото време кое ги задржало Германците дома.
Продажбата на мало во Германија се намали за 0,5% минатиот месец, но очекувањата за раст во наредните месеци остануваат, покажуваат податоците на германската федерална служба за статистика.
Најголемо намалување има во продажбата на текстил, облека, чевли и кожа - за 12,7%, што е сериозен пад најголем од мај 2009 година.
Во меѓувреме германското Министерство за економија ги ревидираше нагоре очекувања за економскиот раст на земјата годинава до 0,5% од 0,4%, како што беше и претходната проценка. Заводот ја задржа својата прогноза за економскиот раст во 2014 година - 1,6%.
„Има многу причини да гледаме на иднината со оптимизам. Германската економија повторно го забрзува растот и успешно ја остави слабата фаза зад себе ", коментира во соопштението германскиот министер за економија Филип Рослер.
Најголемата европска економија го забави растот во 2012 година до 0,7%, а во последните три месеци од годината, бруто домашниот производ (БДП) се намали за 0,6 отсто поради одложените инвестиции на бизнисот и слабеењето на трговијата.
Слично
