Намалена невработеноста во Велика Британија
Cтапката на невработеност во Велика Британија, за периодот мај-јули годинава, изнесува 7,7 проценти, што е намалување за 0,1 процент во однос на периодот февруари-април оваа година, покажуваат податоците на британскиот Завод за статистика.
Бројот на невработени лица се намалил за 24.000, а бројот на луѓе кои бараат заем за невработени е намален за 32.600, што е најнискиот број од 2009 година.
Според истиот извор, бројот на вработени во Велика Британија денес изнесува околу 30 милиони.
Неколку месеци откако официјално започна рецесијата во 2008 година, беше забележан и растот на невработеностa во Велика Британија. До крајот на 2009 година, стапката на невработеност достигна ниво од осум проценти или повеќе од 2,5 милиони лица без работа.
Слично
