Намалена невработеноста во Австралија
Стапката на невработеност во Австралија падна во април на 5,5 отсто, со 50.100 нови работни места, што ги надмина очекувањата на аналитичарите.
Австралискиот завод за статистика наведува дека невработеноста минатиот месец е намалена за 0,1 отсто од 5,6 отсто од март, додека аналитичарите очекуваа дека стапката ќе мирува.
Аналитичарите очекуваа дека во април ќе се отворат само 12.000 нови работни места, па добрите вести доведоа до јакнење на австралискиот долар во однос на американскиот.
Слично
