Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намалена деловната активност во државите од еврозоната

Намалена деловната активност во државите од еврозоната

Деловната активност на приватниот сектор во еврозоната овој месец забележа намалување, соопшти денеска лондонската компанија „Маркит“, наведувајќи дека нејзиниот менаџерски индекс на набавка (ПМИ), кој е еден од водечките индикатори во европската монетарната унија, се намали на 47,3 од 48,6-те индексни поени во јануари.

Минатиот месец активноста на приватните претпријатија беше на највисоко ниво во последните 10 месеци. „Падот на индексот во февруари претставува разочарување и покажува дека еврозоната е на пат во првите три месеци од оваа година да забележи негативен економски раст, четврти квартал по ред“, изјави главниот економист на „Маркит“, Крис Вилијамсон.

Тој нагласи дека, и покрај намалувањето на ПМИ, економскиот пад во првиот квартал би требало да биде помал во однос на 0,6-те отсто, колку што економијата во еврозоната се намали во последните три месеци од минатата година. Вилијамсон за овој квартал предвидува пад на бруто домашниот производ од 0,2 до 0,3 отсто.

Слично

Поврзани вести