Намален трговскиот суфицит на Шпанија
Трговскиот суфицит на Шпанија е намален во јануари поради растот на извозот, што се ретко добри вести за земјата која минува низ втора рецесија по ред.
Извозот во јануари е зголемен за 7,9 отсто на годишно ниво на 17,88 милијарди евра, додека увозот пораснал за 5,7 отсто на 21,38 милијарди, главно поради растот на побарувачката на енергенси, па трговскиот дефицит е намален за 4,3 отсто, на 3,5 милијарди евра, соопшти Министерството за економија во Мадрид.
Шпанија го зголеми извозот, главно на пазари надвор од ЕУ, а извозот во ЕУ ја чинеше 63,5 отсто од вкупниот извоз, во однос на 66 отсто од истиот месец во 2012 година.
Трошоците за задолжување на Шпанија паднаа на аукција на обврзници, намалувајќи ја загриженоста дека можниот колапс на банките во Кипар ќе ги принудат инвеститорите да заминат и од други проблематични земји на еврозоната. Со продажбата на обврзници со рок на доспевање од 2, 5 и 10 години, Мадрид собра 4,51 милијарда евра, надминувајќи ја целта од 3 до 4 милијарди, сметајќи дека побарувачката три пати ја надминала понудата.
Приносите од облигациите се намалени во однос на слична аукција од минатиот месец.
Слично
