Намален профитот на „Филипс“
Холандскиот гигант од областа на електрониката „Филипс“ соопшти дека во првиот квартал од оваа година неговиот профит е намален за 12 отсто во однос на истиот период лани и потврди дека во првата половина на 2013 очекува само скромен раст на добивката.
Наспроти падот на нето профитот од 162 милиона евра, продажбата на енергетски ефикасните ЛЕД сијалици скокна за 38 отсто и сега чини 23 отсто од вкупната продажба на сијалици, наведува компанијата. Податоците од првиот квартал се нешто подобри во однос на очекувањата на аналитичарите.
Приходите на компанијата во дадениот период изнесуваа 5,26 милијарди евра, што е за еден отсто помалку во однос на првите три месеци од 2012 година, главно поради неповолниот девизен курс, наведе Филипс.
Слично
