Намален профитот на ЧЕЗ
Нето профитот за минатата година на чешката електроенергетска компанија ЧЕЗ, бележи намалување за 1,5 проценти и изнесува 1,7 милијарди евра.
- Очекуваниот пад на добивката се рефлектира од негативните случувања на европските пазари на енергија, значителниот пад на цените на електричната енергија, намалената распределба на дозволи за производство и падот на производството во Чешка, се вели во информацијата која ја испрати ЧЕЗ.
Според портпаролот на ЧЕЗ, Ладислав Криж, веќе е иницирана меѓународна арбитража поради оштетување на инвестициите.
- Сите големи енергетски фирми во Европа напорно се борат со нестабилната средина, со силниот пад на цената на електричната енергија во трговијата на големо и со тешко предвидливата иднина. Тоа, резултира со продажба на имотот и значително намалување на бројот на вработени, смета претседателот на Управниот одбор и генералниот директор на ЧЕЗ Даниел Бенеш.
Чешката енергетска компанија минатата година инвестирала 2,1 милијарди евра во имот и за развој и модернизација на класичните електрани, како и за зголемување на ефикасноста и безбедноста на нуклеарните централи.
Слично
