Намален нето профитот на Њујорк тајмс
Нето профитот на компанијата Њујорк тајмс во првото тромесечје оваа година е намален за 97 отсто на годишно ниво, на 3 милиони долари.
Приходите истовремено се намалени за 2 отсто, на 466 милиони долари, а заработката од реклами е пониска 11 отсто, објави претседателот на издавачката куќа Марк Томпсон.
Компанијата, чиј главен производ е дневниот весник Њујорк тајмс, е загрижена поради падот на бројот на претплатниците, пренесоа агенциите.
Слично
