Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намален кредитниот рејтинг на Франција

Намален кредитниот рејтинг на Франција

 Од АА+ на АА, бонитетната агенција „Стандрад и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Франција што предзивика лавина на реакциии во француската јавност.

Францускиот премиер Жан-Марк Еро се обиде да го релативизира настанот. Според него, оценката за Франција „останува меѓу најдобрите во светот“. Тој исто така смета дека „агенцијата не ги зела предвид сите реформи“, посебно таа во пензискиот систем која е во тек на усвојување.

Министерот за економија и финансии, Пјер Московиси изрази жалење поради „критичните и неточни оценки направени од страна на агенцијата“. Во соопштението за јазвноста тој исто така ги посочува „значајните реформи за заздравување на економијата на земјата, нејзините финансии и нејзината компетитивност.“

За француското национално радио Франс Инфо, тој изјави дека оваа вест ја прима со смиреност, со оглед дека перспективите на Франција поминуваат од негативни кон стабилни. Соред Московиси, стабилноста на Франција е призната и таа е земја во која може да се има доверба.

- Франција е и ќе остане земја чиј кредитен рејтонг е солиден и која го сервисира својот долг со една од најниските каматни стапки во светот, додаде Московиси.

Слично

Поврзани вести