Економија, финансии, бизнис

Контакт

Намален гладот во светот!

Намален гладот во светот!
Во периодот од 2011 до 2013 година има 842 милиони хронично неухранети луѓе односно 12 проценти од светската популација, покажува најновиот извештај на Организацијата на Обединетите нации за храна, Светската програма за храна и на Меѓународниот фонд за развој на земјоделството. Тоа е за пет отсто помалку во споредба со периодот од 1990 до 1992 година. Во периодот од 2010 до 2012 година во светот имало 868 милиони неухранети луѓе, а во 2009 година 1,02 милијарди. Во извештајот се посочува дека зголемувањето на продуктивноста во земјоделството и пристапот до храна се клучни за намалување на гладот, дури и во земјите каде е раширена сиромаштијата. Најголем број неухранети луѓе - 827 милиони живеат во земјите во развој. Тие се 14,3 проценти до населението во тие држави.
Слично

Поврзани вести