Намален бројот на невработени во САД
Бројот на невработени во САД минатиот месец е намален на 7,7 отсто, што е најниско ниво од декември 2008 година, соопшти американското Министерство за труд. Бројот на лицата кои се вработиле во февруари во САД е двојно зголемен во однос на претходниот месец и изнесува 236.000. На тримесечно ниво, заклучно со февруари, невработеноста е намалена за 5,4 отсто, кога просечно бројот на нововработените на месечно ниво се зголемил за 191.000 лица.
Слично
