НАЛУТИ НЕКОИ ВО РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА - поглаварот Кирил ги повика граѓаните да го поддржат Путин во војната
Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика граѓаните да ги поддржат руските власти кои спроведуваат воена интервенција во Украина, пишува Ројтерс.
Патријархот Кирил претходно јавно ги бранеше руските операции во Украина и смета дека војната е заштитен бедем против западната либерална култура, која тој ја смета за декадентна.
„Нека Господ ни помогне да се обединиме во ова тешко време за нашата татковина, вклучително и околу владата“, рече Кирил (75) за време на литургијата во Москва, пренесе новинската агенција Интерфакс.
Тој е близок сојузник на Путин
„Властите нека бидат одговорни пред народот, скромни и подготвени да му служат дури и по цена на сопствениот живот“, додаде патријархот, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин.
Поддршката на патријархот за руската воена кампања, во која загинаа илјадници војници и украински цивили, налути некои во Руската православна црква, но и во црквите во странство поврзани со Московската патријаршија.
Кирил верува дека, откако населението ќе се обедини околу моќта, „ќе има искрена солидарност и способност да се одвратат непријателите, без разлика дали се надворешни или внатрешни“.
