Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЛЕТАЛА НА МИНА ВО БЕЛГОРОД: Руска новинарка загина, а снимателот е повреден

НАЛЕТАЛА НА МИНА ВО БЕЛГОРОД: Руска новинарка загина, а снимателот е повреден

Во Белгородската област во Русија, воената репортерка Ана (35) налетала на мина и загинала на самото место. 

Воената репортерка на рускиот Канал 1, Ана Прокофјева загинала, а снимателот Дмитриј Волков, кој ја придружувал, е повреден, пренесе руската државна новинска агенција Тасс. 

„Киевскиот режим намерно цели руски новинари и ја поткопува нивната правна заштита“, изјави за ТАСС портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Руските воени блогери пред два дена на Телеграм објавија дека украинските сили влегле во селото Демидовка во Белгородската област. Украинците со месеци го држеа под окупација Курск во Русија. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести