Најзадолжена во светот е Јапонија- половина Европа ја следи во чекор
Најзадолжена економија во светот е Јапонија, иако е една од водечките светски сили, покажува Глобалниот часовник за јавен долг на магазинот „Економист“.
Вкупниот долг на овој „азиски змеј“ е 12.533.374.043.716 долари или 24 отсто од јавниот долг на целата Земјина топка, кој во 14,17 часот беше на ниво од 50.435.089.664.709 долари, бројка која од секунда во секунда постојано расте.
Земјите обоени во црвено, благодарение на нивната презадолженост, се и Канада, Бразил, Кина, Индија и САД. Жителите во овие земји мака мачат со презадолженоста на нивните влади. Па така, еден жител на Канада е должен околу 44.000 долари, Американецот 38.111 долари, Британецот 36.200 долари.
Ниту стариот континент не заборава да ја покаже својата доминација во презадолженост, па така според Глобалниот часовник на јавен долг, за Грција отчукува просечен долг по глава жител од 34.327 долари. Германија, Франција, Шпанија и Италија исто така се земји пар екселанс за презадолженост.
Просечно, секој Германец носи бреме од јавен долг во висина од 34.222 долари, неговиот сосед Французинот 36.939 долари. Шпанија успеала да „набилда“ долг од 2.430.474.863.388 долари или просечно секој жител на оваа земја должи над 40.000 долари.
Македонија во овој момент е задолжена за 2,7 милијарди долари или 26,3 отсто од Бруто домашниот производ што од прилика изнесува 9,8 милијарди долари. Во 2012 година долгот изнесуваше 27,8 отсто од БДП, или 1,5 отсто повеќе од годинава. Нашата земја спаѓа во категоријата на најниско задолжени земји и е најмалку задолжена во споредба со земјите од регионот.

Слично