Економија, финансии, бизнис

Контакт

Највисоките претставници на ЕУ сакаат да соработуваат со новата италијанска премиерка

Највисоките претставници на ЕУ сакаат да соработуваат со новата италијанска премиерка

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во саботата и честиташе на новиот италијански премиер, десничарката Џорџа Мелони, за нејзиното назначување за „прва жена на таа позиција“.

Фон дер Лејен рече дека се радува на „конструктивна соработка“ со новата влада на Мелони. Таа објави и посебен твит со кој го позрави назначувањето на Мелони за премиер на Италија, на италијански јазик. 


Својата подготвеност да соработува со новиот италијански премиер „за доброто на Италија и ЕУ“ изрази и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„На Европа и треба Италија“, изјави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, повикувајќи на заедничка акција за соочување со предизвиците за Унијата и за давање поддршка на Украина.

Слично

Поврзани вести