НАЈУБАВИОТ КАНАРСКИ ОСТРОВ ВО ПЛАМЕН: Можна евакуација на повеќе од 26.000 луѓе на Тенерифе
Координативниот центар за вонредни ситуации и безбедност на
Канарските острови објави дека властите ќе бидат принудени да евакуираат повеќе
од 26.000 луѓе поради шумски пожар на островот Тенерифе.
„Според прелиминарните проценки добиени како резултат на пописот, бројот на евакуирани би можел да надмине 26.000 луѓе“, објави агенцијата на „Твитер“, пренесува Reuters.
Владата на Канарските острови синоќа соопшти дека шумскиот пожар во Тенерифе се проширил на 5.000 хектари и се уште е надвор од контрола.
Покрај тоа, владата одлучи да распореди 17 авиони за борба против ширењето на пожарот.
Во меѓувреме, шпанскиот премиер Педро Санчез најави посета на островот опустошен од пожарот за утре.
ФОТО: EPA-EFE/Alberto Valdes
Слично
