Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најубавата плажа во Европа се наоѓа во Шпанија

Најубавата плажа во Европа се наоѓа во Шпанија

Како што објави страницата за патување „Europe Best Destinations“, шпанската плажа Torrent de Pareis официјално е најубавата плажа во Европа за 2023 година.

Оваа плажа е сместена на Мајорка, а нејзиното име значи „реки близначки“ со што се алудира на двете реки кои течат низ формацијата од карпи, а тука се и азурното сино море, златниот песок, заливите, карпите кои се издигнуваат од морето.

Меѓу прекрасните Балеарски острови, оваа рајска плажа и на прв поглед изгледа како волшебно место за уживање, а прекрасната природа и кристално чистото море се само некои од работите кои таму можете да ги видите.

Годинава Црна Гора има многу пофалби како дестинација. 

„Тајм-аут“ ја претстави листата на 30 најубави места во светот за 2023 година, која ја предводи градот Котор во Црна Гора. 

Слично

Поврзани вести