Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најстарата банка во светот оценета како недоверлива

Најстарата банка во светот оценета како недоверлива
Американската агенција за процена на кредитниот рејтинг „Стандард енд пурс“ ја намали оценката за најстарата банка во светот - италијанската Монте деи Паски ди Сиена.

Досега рејтингот на банката изнесуваше БББ-, а сега агенцијата го намали на нивото ББ+, со што е ставена во категоријата на недоверливи финансиски институции. Агенцијата нагласи дека перспективата за банката е негативна.

Оваа банка беше тешко погодена од должничката криза во еврозоната и според „Стандард енд пурс“ таа може да заврши со загуба во 2013 година, а исто така и да не може да ја реализира програмата за зголемување на капиталот во 2014 година.

Монте деи Паски ди Сиена е основана во 1472 година од властите на тогашниот град-република Сиена, Во Италија и странство банката има над три илјади филијали, во кои работат околу 33 илјади лица. Во моментов банката е на трето место на листата најголеми банки во Италија.

Слично

Поврзани вести