Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најсмртоносен напад во Авганистан, бомбаш уби над 50 луѓе во џамија

Најсмртоносен напад во Авганистан, бомбаш уби над 50 луѓе во џамија

Нов напад се случи во Авганистан, при што најмалку 50 луѓе загинаа кога бомбаш самоубиец се разнесе во џамија во градот Кундуз.

Никој  не ја презеде одговорноста за нападот во џамијата што ја користат припадниците на малцинската шиитска заедница, која во минатото често беше цел на Исламска држава. Експлозијата се случи за време на петочна молитва. Ова е најсмртоносниот напад во државата откако Талибанците ја презедоа контролата во август. 

На 3 октомври, напад имаше во џамија во Кабул. 

фото АP

Слично

Поврзани вести