Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАЈСЛОЖЕНАТА КЛУЧКА ВО СВЕТОТ, ќе го збуни дури и системот за навигација

НАЈСЛОЖЕНАТА КЛУЧКА ВО СВЕТОТ, ќе го збуни дури и системот за навигација

Кина повторно изненадува. Погледнете ја новата клучка која изгледа фасцинантно збунувачки, но спојува многу места.

Неодамна изградена клучка во Кина, која изгледа како чинија полна со шпагети, има дури пет нивоа, пренесуваат светските медиуми. Клучката Хуангџуеван е завршена по осум години изградба, а се наоѓа во близина на градот Чункинг во југозападниот дел на Кина.

Бетонскиот лавиринт има пет нивоа за сообраќај. Највисокото се наоѓа 37 метри над земјата, а дури 15 рампи ги насочуваат автомобилите во лавиринтот во осум правци. Од овие бројки е лесно на возачите да им се заврти во главата, но локалните власти велат дека биле принудени да изградат ваква сложена структура со цел да ги поврзат најважните делови на градот.

Социјалните мрежи, се разбира, ја претворија целата ситуација во шега.

„Во градот ќе пристигнете со неколку дена задоцнување доколку го промашите својот излез“, гласи еден од коментарите на социјалните мрежи.

„Мојот систем за навигација се збуни и ми рече да одам каде што ќе посакам“, напишал друг корисник.



Слично

Поврзани вести