Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најскапите имоти во Лондон го губат сјајот заради алчноста на продавачите

Најскапите имоти во Лондон го губат сјајот заради алчноста на продавачите
Стапката на раст кај цените на најскапите недвижности во Лондон цвета оваа година , откако стравувањата дека може да има зголемување на даноците и високите продажни цени ги одбија дури и супер богатите , пишува Bloomberg . Цените на куќите и становите во вредност од над 15 милиони фунти ( 24 милиони долари ) речиси не се зголемија во 12-те месеци до септември , во споредба со зголемувањето од околу 5% кај цените на имотот помеѓу 1.8 милиони фунти ( 2.14 милиони долари ) и 5 милиони фунти ( 8 милиони долари ) , се вели во извештај на агенцијата за имот, Savills Plc . Цените на луксузните имоти надвор од централниот дел на Лондон , пак , се зголемија за околу 10% . " Постојат многу продавачи на пазарот , кои мислат дека нивната куќа чини 32 000 фунти (51 500 долари ) на м2 , бидејќи така прочитале некаде ", вели Алекс Мишелин , основач на компанијата за изградба на луксузни имоти Finchatton Ltd . Куќата , за која читале и која беше продадена по оваа цена беше беспрекорна , сосема нова , со различни капацитети и технологии. Нивните станови се над 20 години. Цените на луксузните имоти во Централен Лондон ќе нараснат со 23.1 % до 2018 година , во споредба со зголемување од 25% за имотот во Велика Британија како целина, оценува Savills . Цените при сместување со цена од над 15 милиони фунти ќе растат со побавно темпо во споредба со остатокот од пазарот на луксузни имоти во главниот град и во Велика Британија како целина. Цените на луксузните имоти во Лондон ќе бидат поддржани од недостаток на нови станови на пазарот за овој период . Цените на луксузните имоти во Лондон се зголемува од септември 2009 година , покажуваат податоците на Savills Просечната продажна цена на куќите во британската престолнина е зголемена за 10,2 % до 544 232 фунти во минатиот месец, објавија од Rightmove Plc на 21 октомври . Оттука го окарактеризираа растот како " неодржлив. " Цените на недвижностите во најпрестижните населби на Лондон , меѓу кои се Мејфер , Најтсбриџ и Челзи се зголемија барем за 128 % од средината на 2005 година , во споредба со намалување од 19,3% во цената на сите домови во Велика Британија за истиот период“, соопшти Savills во својот извештај во септември . Потенцијалните богатите купувачи се исплашија од очекуваното зголемување на даноците , вели Мишелин . Во март 2012 година министерот за финансии Џорџ Озборн го крена данокот на трансакции за имот со цена од 2 милиони фунти од 5 на 7%. Тој , исто така, размислува да воведе данок на капитална добивка на странските сопственици на имот во Велика Британија , информираше Sky News минатиот месец . Клиентите се прашуваат дали се добредојдени тука , вели Мишелин . "Ова е навистина нешто што одвраќа од пазарот. " Цените на недвижностите во Вестминстер , кој ги вклучува богатите населби Мејфер и Сент Џејмс , паѓаат во три последователни месеци до август . Па нивната просечна цена се намали од 1,23 милиони фунти до 1,1 милиони фунти , покажуваа податоците на Acadametrics .
Слично

Поврзани вести