Најскапите градови за живот за 2017 година
Новата листа за најскапи градови во светот донесе изненадувачки победник - главниот град на Ангола Луанда. Таа го дислоцираше минатогодишниот првак Хонгконг како место со високи трошоци за живот.
Листата е на Mercer - од истражувањето на трошоците за живот (Cost of Living), направено со цел да им помогне на мултинационалните компании и влади да го одредуваат надоместокот за своите експерти и вработени кои ги испраќаат или праќаат на работа во странство, пишува "Индипендент".
Истражувањето опфаќа 209 градови на 5 континенти и ги споредува трошоците за над 200 стоки и услуги меѓу кои имот на домување, транспорт, храна, облека, стоки за домаќинство и забава.
На чело на листата се градови од Азија и Европа.
Луанда е број 1 претежно поради високите трошоци за стоки и за безбедност.
Тоа е 23-тото по ред годишна листа на Mercer.
Видете кои се 10-те најскапи градови:
10. Берн, Швајцарија
9. Њујорк, САД
8. Шангај, Кина
7. Женева, Швајцарија
6. Сеул, Јужна Кореја
5. Сингапур
4. Цирих, Швајцарија
3. Токио, Јапонија
2. Хонгконг
1. Луанда, Ангола
Еве и кои се 10-те најдобри евтини градови за живот според редоследот:
200. Минск, Белорусија
201. Карачи, Пакистан
202. Сараево, Босна и Херцеговина
203. Монтереј, Мексико
204. Тбилиси, Грузија
205. Блантаиер, Малави
206. Уиндоек, Намибија
206. Скопје, Македонија
208. Бишкек, Киргистан
209. Тунис
