Економија, финансии, бизнис

Контакт

Најскапиот лек чини 1,1 милиони евра

Најскапиот лек чини 1,1 милиони евра

Во Германија на пазарот е пуштен најскапоиот лек во историјата. Станува збор за медикаментот „Glybera“, кој е дел од генетската терапија во случај на недостаток на липопротеинска липаза, многу ретка наследна болест. Цената на терапијата изнесува неверојатни 1,1 милион евра.

Работењето на овој лек траеше речиси четвртина од еден век, а го произведува холандската биотехнолошка компанија „UniQure“.

Иако лекот бил подготвен за употреба уште пред две години, одобрувањето за ставање на пазарот било одложено како би се собрале додатни податоци за неговата ефективност.

Една ампула од лекот чини 53 илјади евра, а е доволна за две инјекции. За лечен на типичен пациент се потребни 42 инјекции, односно 21 ампула, што вкупно чини 1,1 милион евра.

Овај лек на пациентите комерцијално достапен ќе им биде најверојатно во февруари 2015 година. Во Европа во моментот има околу двесте лица заболени кои се одлични кандидати за овој вид на терапија.

Досега заболените мораа трајно да примаат исто така многу скапа ензимска терапија која во вкупниот изнс чинела многу повеќе.

 „UniQure“ моментално работат на генетски терапии за хемофилија и изненадни заболувања на срце.

 
Слично

Поврзани вести